Инфо караванот на ИПАРД 3 Програмата за Мерка 1 денеска се одржа во с. Неготино и Гостивар

Дома » Инфо караванот на ИПАРД 3 Програмата за Мерка 1 денеска се одржа во с. Неготино и Гостивар

Инфо караванот на ИПАРД 3 Програмата за Мерка 1 денеска се одржа во с. Неготино и Гостивар

Инфо кампањата по повод објавениот јавен повик 01/2025 за мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3), ја завршува оваа караванска недела на средба со заинтересираните корисници од с.Неготино, полошко, општина Врапчиште и Гостивар.

Претставниците на Телото за управување со ИПАРД (Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, остварија среби со заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги итн.) кои сакаа да се информираат за можностите, условите и постапките за аплицирање на тековниот јавен повик, со цел користење на средства од оваа програма.

Детално беше образложена мерка 1 од ИПАРД 3 Програма 2021-20127 од страна на претстваниците на Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, додека претставниците од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ја презентираа деталната постапка пред АФПЗРР, за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027. На средбата, беа одговорени сите прашања, нејаснотии и детали околу правилна подготовка на докуметацијата и текот на постапката за аплицирање, со цел да им се помогне на сите кои ќе аплицираат да имаат добро подготвена документација и навремено да аплицираат.

Дополнителни информации околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат на следниве веб страници и телефонски броеви:

Инфо кампањата започна на 20.02.2025година, со посета на повеќе места низ Македонија, и ќе продолжи и во текот на следната недела.

Се повикуваат сите заинтересирани корисници да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на мерка 1, имајќи предвид дека крајниот рок за поднесување на барањата од овој јавен повик е 29. март 2025 година.

2025-03-07T15:40:18+00:007 март 2025|